Лапорта во небрано: Фановите на Барса во шок кога дознале кој треба да дојде во јуни!

986

Хоан Лапорта, првиот човек на Барселона е во небрано. Фановите на каталонската гордост и тоа како се гневни, поточно шокирани кога се дозна кој треба да дојде во јуни, и тоа како големо засилување.

Тое Дарвин Нуњез, напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Уругвај. Со оглед на тоа дека Лапорта не може да си го дозволи еден Ерлинг Халанд, па затоа ќе мора да побара поефтино решение, само дали Дарвин е решението за нападот на Барса, за наследник на еден Роберт Левандовски. Ако во Ливерпул едвај чекаат како да го “шутнат“ Дарвин кој едноставно го нема тој потребен квалитет, тоа треба да му биде јасно и на Лапорта, такви се размислувањата на фановите на Барса.

Медиумите во Шпанија веќе два дена пишуваат на оваа тема. Се констатира дека Лапорта и спортскиот директор Деко имале неколку напаѓачи како опција за засилување во јуни, но изборот паднал на Дарвин.

Можеме само да претпоставиме што за ова мисли тренерот на Барса, Ханси Флик.

ПретходноДончиќ искрен после победата над Далас: Ќе ми треба време да ја завршам оваа приказна!
СледноКуп 1/4 финале: Вардар на мегдан со Силекс, Струга ТЛ го дочекува Гостивар…