Скијачката Федерација на Македонија предмалку објави дека на Светкото првенство во нордиско скијање во Норвешка ќе имаме четири претставници.
Ана Цветановска, Ставре Јада, Дарко Дамјановски и Виктор Чакаровски ќе ја претставуваат Македонија на FIS Светското првенство во нордиско скијање, кое ќе се одржи од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка.
Нашите скијачи ќе настапат во неколку дисциплини, подготвени да се соочат со светската елита и да го дадат својот максимум на снежните патеки!