Најавени две гарантирани застанувања на ГН во Монако

46

Официјалните органи на ФИА одлучија дефинитивно да ги променат правилата во насока шампионатот на Формула 1 да биде поинтересен. Поточно трката за Големата награда на Монте Карло.

Одлучено е да има загарантирани две застанувања во пит стопот на трката за Големата награда на Монте Карло, една од најмонотоните трки во шампионатот.

 „Светскиот совет за моторни спортови на ФИА го разгледа предлогот за воведување задолжителни две застанувања (и влажни и суви) за Големата награда на Монако, со примарна цел да се подобри перформансот на самата трка. По неодамнешните дискусии во Комисијата на Формула 1, одобрен е специфичен услов за Големата награда на Монако, кој бара минимум три комплети гуми да се користат на трката, а ако трката е на сува патека, мора да се користат минимум два различни типа гуми“, се вели понатаму во соопштението.

ПретходноМакедонија со четворица претставници на СП во нордиско скијање 2025 во Норвешка
СледноПелистер повторно е во тесно, Висла го освои Букурешт