На Киево му се заканува тотален распад!

80

Пред две децении беше и тоа како важен клуб во Серија А, сега веќе е во Серија Д и му се заканува тотален распад. Како што пренесуваат медиумите во Италија, клубот Киево Верона е пред целосен банкрот.

Да потсетиме дека во 2021 година овој клуб прогласи стечај.

Обвинителството го терети поранешниот претседател на клубот Лука Кампедели за незаконит стечај, но и за многу други махинации во неговата работа, но и во работата на клубот додека бил тој прв човек.

Истрагата се фокусира и на фиктивните трансфери што Киево Верона ги правел со клубовите Капри и Чезена, потоа книжење на капитални добивки од неверојатни 35 милиони евра. Се товари дека земал пари од клубот за свои лични потреби, а воедно не плаќал даноци на државата.

Сето ова наведува, се разбира ако се докаже, на тоа дека на Киево Верона му се заканува тотачен распад.

ПретходноТодоровски е новиот капитен и лидер на Вардар
СледноСловенија и без неколку ѕвезди, ќе биде голем предизвик за Македонија