Пелистер повторно е во тесно, Висла го освои Букурешт

208

Висла Плоцк, директниот конкурент на Пелистер за шестото место во нокаут фазата во Лигата на шампиони, славеше на гостински терен кај Динамо Букурешт со 26-27 во рамките на 13 коло. Овој резултат не му оди во прилог на Пелистер, кој утре е гостин на Фуксе Берлин.

Во Букурешт се одигра интересен натпревар, во првото полувреме на момент гостите имаа минимално водство од еден до два гола. Но, на одморот беше 14-14.

Во вториот дел контролата ја превзема Динамо Букурешт, беше на еден до два гола позитива. Во последните десет минути, полскиот тим се врати, и успеа да дојде до минимална, но вредна победа.

Сега Висла има 10 бода, додека Пелистер 8 и меч помалку. Само победа против Бундеслигашот ќе го остави во игра за шестото место.

На втората средба од истиот термин, Алборг славеше против ППД Загреб со 33-30.

ПретходноНајавени две гарантирани застанувања на ГН во Монако
СледноВечерва за првпат Винисиус Жуниор ќе биде капитен на Реал (М)