Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, кој неодамна беше реизбран, најави дека намалувањето на бројот на екипи во Серија А од 20 на 18 не е тема за која се разговара.
„Во моментов не е опција намалување на Серија А од 20 на 18 екипи. Повеќе размислуваме на промени во Серија Б, каде што има преј оф односно плеј аут, и каде што одредени екипи калкулираат со бодовите во одредени делови од сезоната“ – коментира Гравина, цитирана од весникот „Газета дело спорт“.
Италијанскиот фудбал има потреба од промени, барем така коментира јавноста во оваа земја, но дали и на каков начин ќе се случат истите останува да видиме.