Добар Вардар, одличен. Како што и треба кога против себе го има силниот тим на Силекс, кој денеска и тоа не се наигра на Арената. Со голот на Донгмо, нашиот најтрофеен клуб по пауза од осум години повторно е во полуфиналето во Купот на Македонија, како во таа 2017 година.
Гоце Седлоски во целост тактички го надмудри својот колега Александар Васоски, неговиот тим беше тој што доминираше на теренот, беше тој што одигра навистина како што треба.
Реално ако реализацијата на Вардар беше барем малку подобра, тогаш Вардар ова дерби во 1/4 финалето во Купот ќе го добиеше и со убедлива разлика.
Сега Вардар за ривал во полуфиналето може да ги добие Шкендија, да и се одмазди за таа 2017 година, Струга ТЛ и Брера.
Но во полуфиналето се играат по две средби, значи има и реванш па ете супер шанса овој Вардар да дојде до трофејот во Купот, за првпат после таа 2007 година.