Не е лесно да се носи дресот на Вардар. Уште потешко е да се биде капитен на најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија. Носи со себе, тежина, бреме, притисок. Некој може да го издржи тоа некој не.
Ова е некој нов Вардар пролетва. Игра, напаѓа, се бори, создава шанси, и дава голови. Што е најважно, победува. Има во себе нешто што есеноска го немаше. Новитетите во тимот го донесоа тоа.
Ги има десетина, а меѓу нив и нов капитен. Детето на Работнички, некогашниот мега талент на „Романтичарите“ стигна да го предводи Вардар со „траката“ на рамо кон победа и Куп полуфинале. Да, Димитар Тодоровски денеска во само третиот официјален меч за Вардар беше капитен.
Играчот за врска пролетва игра како препороден. Тренерот Гоце Седлоски му верува, а Тодоровски враќа на најдобар можен начин. Денеска и тој но и сите останати „изгинаа“. Втор меч по ред. По оној во Струга во шампионатот. Денеска падна Силекс, во игра во која Вардар доминираше. Не Силекс не одигра слабо, туку Вардар толку му дозволи.