Илчо Ѓорѓиоски на клупата на Струга ТЛ? Оваа вест секако дека е изненадување за сите во мак – фудбалот, но дали е баш така. Од таборот на стружани потврдуваат дека се водат преговори, и тоа завршни, но сеуште нема конечен договор.
Веројатно работите ќе бидат појасни по завршувањето на мечот во Купот со Гостивар, денеска од 14 часот, а ако се биде во ред, тогаш промоцијата ќе биде вечерва или утре ако се знае дека во недела шампинот гостува во Кратово кај Силекс.
Да потсетиме дека по поразот од Вардар, Ќатип Османи си поднесе оставка, а денеска тимот ќе го води Меритон Гега.
Ѓорѓиоски беше тренер во Вардар и Македонија ЃП, со кои освои титули во ПМФЛ, а беше тренер и во Брегалница, беше и прв човек на ФФМ.