„Дебелиот“ Лука Дончиќ со склекови го провоцираше човекот што го трејдуваше (ВИДЕО)

404

Лука Дончиќ чекаше и го поздрави доаѓањето на неговиот поранешен тим Далас Маверикс во Лос Анџелес и беше исклучително мотивиран. Очекувано, новиот ас на Лејкерс почна да прави склекови на средината на теренот додека се загреваше, давајќи до знаење на тимот што го избрка колку е лут и инспириран.


Очигледно, ова беше алузија на озборувањата што ги „шират“ Далас Маверикс дека Дончиќ има вишок килограми и дека со 122 килограми нема работни навики.

Дончиќ беше сигурен дека оваа порака ќе стигне до гостите кои требаше да ги допре – предводени од Ник Харисон. Генералниот директор на Далас свесно се откажа од словенечката суперѕвезда во јануари и го навлече гневот на навивачите.

Овој дуел Дончиќ го заврши со трипл-дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции. Тој стана третиот кошаркар во НБА-лигата, кој запишал трипл-дабл против сите тимови.

ПретходноКуп 1/4 финале: Вардар на мегдан со Силекс, Струга ТЛ го дочекува Гостивар…
СледноГодините не му можат ништо, нова мајсторија на Меси (ВИДЕО)