Клеј му го подари шампионскиот прстен на својот доктор (ВИДЕО)

73

Клеј Томпсон му го подари шампионскиот прстен на д-р Ричард Феркел.

Кошаркарот на Далас Маверикс му го подари шампионскиот прстен што го освои со Голден Стејт Вориорс во 2022 година на легендарниот лекар Ричард Феркел, кој ја санираше Ахиловата тетива на Клеј во ноември 2020 година.

„Без тебе немаше да станам втор најдобар стрелец во шампионскиот тим. Никогаш не можам да ти се заблагодарам доволно. Не ни помислував дека тоа е можно“, рече Томпсон.

ПретходноПо Хајдук и Динамо (З) елиминиран во четвртфиналето на хрватскиот куп
СледноРаботнички 71&22 е последен полуфиналист во Купот на ОФМ