Уште една беспрекорна партија на Ливерпул, нова победа и +13 во однос на Арсенал во трката за титулата во Премиерлигата. „Црвените“ направија огромен чекор кон титулата откако вечерва со 2:0 го совладаа Њукасл.
Ливерпул на рутински начин ја постигна 20-та победа сезонава. Гостите тргнаа без Исак кој остана надвор од протоколот поради болки во мускулите. Ливерпул уште во првото полувреме навести сигурна победа. Луис Диаз испрати прецизно повратно додавање, а Собослај ја продолжи голгетерската серија за 1:0.
Се беше готово во 63. минута кога Салах како на тацна го проигра Мекалистер, а тој рутински погоди за 2:0.
Сега Ливерпул мора да загуби четири натпревари, а Арсенал да победи на сите до крајот за да се врати во битка за титулата. Тоа изгледа многу неверојатно, па веќе во април и официјално ќе може да ја прослави својата нова шампионска титула.