По Хајдук на Александар Трајковски и Динамо (З) на Ристовски и Адеми ги заврши настапите во хрватскиот фудбалски куп. Вечерва на „потопениот“ Максимир, екипата на Осијек направи изненадување совладувајќи го шампионот со 0:1 и со тоа елиминирајќи го во оваа четвртфинална фаза од натпреварувањето.
Ристовски и Адеми денеска мечот го почнаа од клупата и добија шанса во второто полувреме, но не успеаја да донесат пресврт. мечот се одигра во очајни услови поради дождот и на работ на регуларноста.
Претходно Ријека на нашиот Манев славеше на гости кај Хајдук со 1:3 и успеа да се пласира во полуфиналето.