Тренерот на Ливерпул, Арне Слот изјави дека не е задоволен од играта на Дарвин Нуњез во претходните два од три натпревари.
Уругваецот речиси сигурно ќе го напушти клубот на лето, бидејќи во третата сезона не успеа да ја оправда големата сума вложена во неговиот трансфер од Бенфика, а со одредени бонуси неговиот хонорар изнесува и до 100.000.000 евра.
Тој постојано беше напаѓан од навивачите на социјалните мрежи, додека генерално доби голема поддршка на трибините.
Сепак, особен гнев се појави по неговото промашување против Астон Вила минатата недела кога требаше да ја има една од полесните задачи пред голот на Еми Мартинез. Тој ја пропушти победата на својот тим и можноста Ливерпул да се најде во уште поудобна ситуација на врвот на табелата.
Во претходното коло не блескаше против Вулверхемптон, иако Ливерпул успеа да го добие тој меч.
“Не бев само суров кон него. Но, вторпат по ред не бев задоволен од неговиот напор – против Волвс и Вила. Не можам да прифатам дека играчот не дава се од себе. Тоа е јасно. Можам да го направам тоа еднаш, но двапати е премногу. Му го предочив тоа”, изјави Слот.
Дарвин оваа сезона постигна шест гола во сите натпреварувања, заедно со пет асистенции.
Инаку Слот е суспендиран на два меча и парична казна од 70.000 фунти за црвениот картон на дербито со Евертон. Тоа значи дека вечерва Слот нема да го води Ливерпул против Њукасл.