Атлетик: Менаџер од Премиер лигата е под обвинение за секс со малолетнички

96

Престижниот, „The Atletic“ денеска ексклузивно објавува дека извесен менацер на клуб од Премиер лигата е под истрага за наводен секс со малолетнички. Поточно со две сестри кои добиле одредена финансиска надокнада, за да имаат односи со менаџерот.
Сега, и двете имаат поднесено тужба против него, а истрагата е во тек. До документите до кои дојде медиумот, јасно се наведува за кого станува збор, но во моментов не може името да биде објавено.

„Во повеќето случаи тој немал директен секс, иако учествувал активно. Вршел сексуална активност со оштетената во текот на годините вкупно околу петнаесет пати, за што финансиски ја наградил согласно нејзините очекувања. Во еден случај, обвинетиот извршил сексуална активност и со оштетената и со нејзината сестра, со тоа што и двете сакале да заработат пари“, се вели во текстот. 

ПретходноЛаутаро ги пцуел судиите против Јувентус, можна е суспензија (ВИДЕО)
СледноПочина некогашниот шампион на Европа со Реал Мадрид