Ливерпул нуди 80 милиони евра за екс-играч на Јунајтед, но е единствен!

725

Ливерпул наводно е еден од четирите клуба кои се борат за потписот на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, но како што стојат работите тие се во најдобра позиција да го ангажираат.

Главна цел на „црвените“ е напаѓачот, а се чини дека Слот загризал уште една премиерлигашка ѕвезда која се очекува да дојде на „Енфилд“ во замена за Дарвин Нуњез. Ливерпул следното лето сака во своите редови да го доведе поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд.

„Црвените“ се еден од четирите клубови заинтересирани за потписот на напаѓачот на Марсеј, кој минатото лето пристигна во Франција од „Олд Трафорд“.

Барселона исто така го следи развојот на целата ситуација, а наводно има и Баерн Минхен и Јувентус кои се заинтересирани за доведување на Гринвуд.

Оваа сезона Гринвуд постигна 15 гола во сите натпреварувања, од кои 14 во лигата на 23 одиграни натпревари.

Од Марсеј се свесни дека нема да можат долго да го задржат во тимот и му одредиле цена од 80 милиони евра, а Ливерпул наводно нема ништо против да ја плати таа сума за да го доведе во своите редови.

Од друга страна, таа бројка можеби е превисока за челниците на Барселона, но Баерн и Јувентус, заедно со Ливерпул, не би требало да имаат проблем да ја платат.

Гринвуд уште пред да потпише за Марсеј беше поврзуван со Барселона, а сега повторно се поврзува со преселба во шпанскиот тим.

Тој постигна 10 гола за Гетафе кога беше позајмен од Манчестер Јунајтед во клубот.

Неговите одлични настапи во Франција го препорачаа на клубовите, а како што стојат работите, тој би можел големо да се врати во Премиер лигата и да игра за Ливерпул.

ПретходноВардар е “жртва“ на Арената, со Беса мора во сабота!
СледноФФМ му порача на Силекс: Вие сте единствени кои баравте судии за вашите натпревари…