Ова што го прават Саудијците во последно време во светот на фудбалот може да се нарече само лудост. Кристијано Роналдо зема годишна плата од 200 милиони евра, на Нејмар му ги наполнија сметките со стотици милиони евра за одиграни 5-6 натпревари, а уште се прикажува понудат за Лео Меси вредна 500 милиони евра годишно, која Аргентинецот ја одби.
Најново е тоа што, барем според медиумите во Франција, Саудијците или првите луѓе во тамошниот ФС му понудиле на Луис Кампос, сегашниот спортски директор на ПСЖ 200 милиони евра. Ако ја прифати оваа понуда, Кампос ќе биде главен оперативец во фудбалот во Саудиска Арабија која сака подготвена, во секој поглед, да го дочека СП 2034 кое ќе се одржи кај нив.
Инаку Кампос со ПСЖ има договор до крајот на оваа година.