На ѕвездата на Реал му скандираа „умри“, Анчелоти мораше да го извади од игра!

1240
Фото: Реал Мадрид/Твитер

Натпреварот Реал Сосиедад-Реал Мадрид не донесе финалист во Купот. Кралевите победија со 1:0, со голот на Ендрик, но финалето треба да го изборат на реваншот. Во второто полуфинале ќе се сретнат Барселона и Атлетико, кои се соочија во вторник навечер во спектакуларен натпревар кој заврши нерешено 4:4.

Фудбалот во Шпанија често со себе носи контроверзии, и поради судиските грешки и поради скандирањата на навивачите.

Винисиус Жуниор обично е на мета на противничките навивачи, но во Сан Себастијан настрада неговиот соиграч кого домашните навивачи едвај чекаа да го пречекаат, а не заборавија што се случи пред неколку години.

Во судиското надополнување на првото полувреме, почнаа скандирањата: „Асенсио умри“.Причината за ова е што новата ѕвезда на Реал Мадрид се уште е под истрага поради дистрибуција на детска порнографија.

Асенсио е под истрага повеќе од една година, откако мајката на едно од малолетниците (16 години) во септември 2023 година пријавила дека сексуалниот однос бил снимен без согласност на девојчињата, а снимката потоа била дистрибуирана во различни групи на платформи за пораки, како што е WhatsApp.

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, кој беше обвинет само за ширење на снимката, побара случајот да се затвори, но беше одбиен и тој и неколку негови поранешни соиграчи остануваат под истрага.

Дани Себаљос прв го опомена судијата за навредата. Тогаш тоа го направи самиот Винисиус, кој вечерва првпат беше капитен на Реал, а публиката се сврте и кон Бразилецот, скандирајќи „Топката на плажа“ откако ја пропушти шансата да ја освои Златната топка, откако организаторот неочекувано му ја даде на Родри, а напаѓачот на Реал заврши на второто место.

По неколку минути прекин и испратени поради до навивачите, Санчез Мартинез нареди играта да продолжи и навредите повеќе не се слушаа.

Вреди да се напомене дека секој судија може целосно да го прекине натпреварот доколку навредите не престанат по повторените предупредувања. За среќа, овојпат тоа не беше случај. Средбата инаку беше интензивна и жива, но без никакви контроверзни ситуации.

Младиот Раул Асенсио (22) одигра одличен меч до 45. минута како централен бек, подоцна остана во соблекувалната… Анчелоти ја коментираше и ситуацијата по мечот, велејќи: „Скршен е. Замислете цел стадион да скандира да умрете. Морав да го извадам од игра поради тоа“. Асенсио остана во соблекувалната на полувремето, а во игра влезе Лукас.

ПретходноХарден го „изрешета“ Чикаго, Клиперси ја прекинаа црната низа (ВИДЕО)
СледноВардар е “жртва“ на Арената, со Беса мора во сабота!