Четири постигнати поени за нешто повеќе од 11 минути на паркетот во Милано за нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во вечерашната победа на неговиот Милано против Монако од 86:80 во мечот од 27. коло на Евролигата.
Милано одигра одличен меч и успеа да ја запише 15-тата победа со која останува на позициите кои водат во разигрувањето. Димитријевиќ доби ограничена минутажа, а покрај четирите поени запиша и исто толку асистенции и два скока.
Ти Џеј Шортс, пак, беше лидер во составот на Париз, кој вечерва на домашен терен славеше над Баерн (М) со 93:88.
Нашиот шутер мечот го заврши како најдобар поентер во победничкиот состав со 25 поени. Париз со оваа победа се најде на делба од 3. до 5. место на табелата.