Павле Атанасијевиќ: Никој не може лесно да нè победи!

74

Пелистер продолжува со мечевите во Лигата на шампиони. Во претпоследниот натпревар од групната фаза го чека гостување кај Фуксе Берлин, дуелот стартува во 20:45 часот. Патот на актуелниот македонски првак за пласман во следната рунда стана тежок, бидејќи Висла Плоцк успеа да дојде до целиот плен на гости кај Динамо Букурешт, па сега има 10 бода исто колку и Романците.

За да битолчани останат во игра за шестото место, треба прво да победат против Фуксе Берлин, а потоа во последното коло да одат на цел плен против ПСЖ. Иако сценариото изгледа застрашувачки, како и дуелот против бундес-лигашот, сепак ракометарите не се откажуваат, одат по победа.

„Имаме тежок распоред и немаме ден за одмор. Сепак, од прв до последен даваме максимум. Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот и мислам дека ќе одиграме на ниво. Не се откажуваме, играме до последна минута и тоа е карактеристика која нè краси. Никој не може лесно да нè победи. Сите сме мотивирани, нешто посебно игра во нашите тела и нема замор. Одиме чекор по чекор. Прво Фуксе Берлин, па потоа ПСЖ.

Најубаво е да се игра пред македонски навивачи. Атмосферата која ја приредија „Чкембарите“ и битолчани едноставно те понесува. Убаво е тоа чувство“, изјави Павле Атанасијевиќ.

ПретходноФФМ му порача на Силекс: Вие сте единствени кои баравте судии за вашите натпревари…
СледноИ ФК Вардар се огласи: Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Силекс