Слот: Добро е што не застанавме по победата над Сити

86

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ги пофали своите играчи за нивната игра на натпреварот против Њукасл. „Црвените“ победија со 2:0 и направија уште еден голем чекор кон титулата во Премиер-лигата. Тренерот, кој поради суспензија го следеше натпреварот од трибините, ги пофали своите играчи што не се опуштиле по победата над Манчестер Сити викендов, па дури и преминале на повисоко ниво.

„Важно е што победивме. Ова повеќе личеше на нашите претходни победи оваа сезона. Против Сити беше потешко, но тоа е поинаков натпревар. По натпреварите со Евертон, Волвс и Вила луѓето почнаа да се сомневаат во нас и тогаш беше важно правилно да реагираме. Iграчите заслужуваат комплименти“, рече Слот и дададе:

„По натпреварот со Сити добивме многу пофалби, но пред тоа имавме две нерешени средби и имаше прашања. Тогаш 9 од 10 луѓе знаеја дека треба да работиме повеќе. Сепак, по натпреварот со Сити расположението беше многу позитивно и затоа ни требаше правилен став за да се соочиме со силниот тим на Њукасл само неколку дена подоцна“, додаде Холанѓанецот.

Сега Ливерпул има слободен викенд, бидејќи тимот беше елиминиран од ФА Купот.

“Ова има негативна страна, бидејќи некои играчи на кои им требаше минутажа можеа да ја добијат. Од друга страна, сепак, добиваме неколку дена одмор. За жал, испаднавме од ФА Купот и ќе одмориме овој викенд. Ова е добро за некои од играчите на кои им треба, но не е добро за други кои можеа да добијат шанса да играат”, заклучи Слот.

ПретходноИ ФК Вардар се огласи: Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Силекс
СледноДинамо направи погрешна измена, Ристовски влезе, Канаваро остана „укочен“ (ВИДЕО)