Џунтоли: Мота не е тема на дискусија во Јувентус!

107

Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли прашан за позицијата на тренерот Тиаго Мота по елиминацијата од Купот на Италија, вели дека засега се останува како што беше и досега, со тоа што притисокот е да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.

„Се согласуваме со она што го кажа тренерот. Овој настап беше неприфатлив. Ние, тренерот и тимот, сите сме убедени во тоа. Утрово разговаравме со претседателот Фереро со чист ум. Јасно е дека и тренерот и играчите треба да направат многу повеќе за да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Веруваме во проектот што започна ова лето. Тоа е проект кој создава вредност нудејќи им можности на многу млади играчи и убедени сме дека ќе ни донесе големо задоволство во иднина. Мота не е за дискусија“, вели Џунтоли.

Јувентус моментално е четврти во Серија А, што би било доволно за пласман во Лигата на шампионите.

 

ПретходноТодороски постигна гол за ТСЦ во победата над Чукарички
СледноЛуда работа: Го одбил Реал само затоа што стравувал да жонглира на промоцијата!