Баерн Минхен постигна рекорден број на членови

67

Тимот на Баерн Минхен објави дека ја достигна границата од 400.000 членови, што се верува дека ќе го направи најголемиот спортски клуб во светот.

„Имаме невиден пораст на членството“, изјави претседателот на Баерн Херберт Хајнер на синоќешната прослава на 125.годишнината на Баерн.

„Баерн се залага за спортски успех, финансиска стабилност и социјална посветеност. Клубот е достапен, што одекнува кај луѓето“, додаде тој.

Членството порасна од 382.000 во ноември на 400.000. Херберт рече дека јубилејниот член со број 400.000, ќе биде почестен на теренот пред следниот домашен натпревар на 8 март против Бохум.

Според германското издание „Кикер“, близок до Баерн е португалскиот гигант Бенфика, кој има 392.000 членови.

ПретходноЕчевери и официјално во Манчестер Сити
СледноВака не се станува шампион: Гостивар дури 454 минути нема постигнато гол од игра!