Баерн ја повлече понудата за нов договор на Кимих

47

Џошуа Кимих е еден од најреспектабилните играчи на својата позиција во светот. Дефанзивецот на Баерн е во одлилна форма, најголемите клубови се распрашуваат за него, а од Баварија денеска пристигнува информацијата дека клубот ја повлекува најновата понуда за потпишување на договор со Кимих.

Поточно, Баерн Минхен ја одби понудата за нов договор за Кимих, објави SPORT BILD.

Неодамна договорот со Кимих се чинеше речиси сигурен, а спортскиот директор на клубот Макс Еберл на оваа тема изјави: „Ќе го направиме тоа“. Работиме на тоа“.

Џошуа Кимих, кој игра како десен бек и дефанзивен играч за врска, е предмет на интерес од неколку европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид и Барселона.

 

ПретходноДани Себаљос паузира два месеци
СледноЕчевери и официјално во Манчестер Сити