Пред да стартува пролетниот дел, во изјава за социјалните мрежи на својот клуб, тренерот на Гостивар, Мерт Нобре истакна дека неговиот тим ќе оди по титулата во ПМФЛ, но и по трофејот во Купот на Македонија. Секако дека е добро да се има така оптимистички најави, но се чини дека тие се без покритие. Вчера Гостивар беше елиминиран од Струга ТЛ во 1/4 финалето во Купот, а за да се дојде до титулата во ПМФЛ секако дека треба да се се постигнуваат голови. А кога сме кај Гостивар да споменеме дека во последните пет официјални средби, тука ја земаме и онаа вчерашната од Купот кај Струга ТЛ, овој тим нема постигнато гол од игра. Вкупно гостиварци немаат гол дадено 454 минути од игра. Единствениот гол беше дело на Алпер Потук со Струга ТЛ во првиот пролетен меч во ПМФЛ кога во судиското продолжение турскиот интернационалец донесе победа, ама од пенал.
Секако дека вака не се станува шампион. Интересно е што големото засилување Ли Ервин никаде го нема, Марко Симоновски беше суспенциера, а Елвис Машике во зимскиот преоден рок си замина на Малта, но затоа беше вратен Антонио Каланоски. Па така се очекува од Каланоски и Симоновски да ја одработат оваа голгетерска работа што се вели.
Инаку последниот гол од игра Гостивар го постигна на 27 ноември минатата година кога Ивановски во 86.минута му даде гол на Вардар и на тој меч гостиварци славеа со 0:2.
Од тогаш на па наваму Гостивар играше со Силекс (0:0), Шкендија (0:0), Струга ТЛ (1:0 – пенал), Беса (0:0) и вчера со Струга ТЛ во Купот (0:1).