Вардар е “жртва“ на Арената, со Беса мора во сабота!

981

Нема време за одмор и премногу радост во Вардар по вчерашниот пласман во 1/2 финалето на Купот на Македонија. Имено и официјално натпреварот од 21.коло во ПМФЛ меѓу Вардар и Беса ќе се игра во сабота наместо во недела како што и беше планирано, како што се играат и сите останати мечеви од оваа прволигашка рунда.

Се чини дека нашиот најтрофеен клуб е “жртва“ на Арената “Тодор Проески“. И тоа поради фактот дека во недела нашиот најголем спортски објект се затвора. Тоа е поради подготовки за мечот на нашата најдобра репрезентација против Велс на 25 март. Теренот е во очајна состојба и ќе мора повторно да се поправа.

Токму затоа мечот со Беса ќе се игра во сабота.

Инаку по овој викенд, и Вардар и Работнички во наредните четири кола, кога ќе бидат домаќини, ќе мораат да си бараат алтернативни терени на кои ќе ги играат своите мечеви.

Интересно е тоа што во среда (05.03), во меч од последното коло во вториот дел од сезонава, играат токму Работнички и Вардар.

ПретходноНа ѕвездата на Реал му скандираа „умри“, Анчелоти мораше да го извади од игра!
СледноЛиверпул нуди 80 милиони евра за екс-играч на Јунајтед, но е единствен!