Вест Хем освои нови три бода и избега од опасната зона

35

Со втора последователна победа, екипата на Вест Хем полека излегува од опасната зона на табелата во англиската Премиерлига. Вечерва во Лондон, „чеканите“ славеа сигурна победа од 2:0 над екипата на Лестер и веќе можат слободно да дишат, со оглед на тоа што веќе имаат предност од дури 16 бода пред трите тима кои се наоѓаат во „црвената зона“.

Победата на Вест Хем вечерва ја донесоа Сучек со голот во 21. минута и Боувен кој успеа да погоди на две минути пред завршницата на полувремето, со помош на гостинскиот фудбалер Вестергард.

За екипата на Лестер поразот е само уште еден проблем плус во трката за опстанок. „Лисиците“ по ова коло остануваат на претпоследното место на табелата со идентиен број бодови (17) како и Ипсвич кој се наоѓа едно место погоре.

ПретходноМилан никако да се опорави: „Росонерите“ загубија и на гостувањето кај Болоња