Вујошевиќ “удри“ по Јокиќ и компанија: На подиумот во Париз беа како пијана банда, како свињи во кочина!

458

На многумина од фановите, а посебно на тие од Балканот, и тоа како им се допадна она што го направија кошаркарите на репрезентацијата на Србија, кога поднапиени а некои и тотално пијани, се појавија на подиумот да ги примат бронзените медали на ОИ во Париз.

Посебно во елемент беше најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ, кого неговите колеги мораа да го придржуваат да не падне.

И секако на Балканот, на овие простори Јокиќ и компанија беа мангупи.

Сепак на некои лица во Србија тоа не им се допаднало, посебно не на прославениот тренер Душко Вујошевиќ:

Не ми се допадна тоа излегување на пијана банда на примањето на медалите. Ако имаш уште еден ден во својот живот, доживеј го човечки, а не да се валкаш како свиња во кочина“, посочи Вујошевиќ.

ПретходноСлот испишува историја: Само четворица тренери ја освоиле ПЛ во својата прва сезона!
СледноАнета Павловска на чекор до највисокото светско признание кај тениските судии!(ФОТО)