Клаудио Ечевери од денеска и официјално е дел од тимот на Манчестер Сити. Тој иако беше купен уште во 2024 година од страна на англискиот тим сепак, остана на позајмица во Ривер Плата се до сега. Тој од овој момент му се става на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола.
Ечевери екстремно добро го одигра У20 шампионатот на Јужна Америка, каде што Аргентина заврши како втора, а тој постигна шест гола на девет меча.
„Не можам да ви кажам колку сум возбуден што сум овде во Манчестер и конечно ќе можам да се наречам играч на Манчестер Сити. Фудбалот беше мојот живот и мојот сон беше да играм за еден од најдобрите тимови во Европа. Денес сум поблиску до тој сон. Манчестер Сити е еден од најдобрите тимови во светот. Тие не освојуваат само трофеји, туку играат многу квалитетен фудбаа. Тие се пример за сите, им покажуваат на луѓето како се игра фудбал на најдобар начин. Да се биде дел од овој тим и култура и да го користам тоа како моја основа за развој на мојата игра е нешто за што сум навистина возбуден. Моето семејство и јас сме многу горди што сме тука. Мојот фокус сега е да работам што е можно понапорно на тренинзите за да му покажам на менаџерот и неговиот персонал дека сум доволно добар за да бидам дел од овој тим“, изјави Ечевери.