Заврши надежта за нокаут-фазата во ЛШ: Пелистер убедливо поразен во Берлин!

100

Пелистер не успеа да приреди сензација на гостувањето кај Фуксе Берлин, а притоа да дојде до потребните бодови за да остане во игра за плеј-офот. Бундес-лигашот со совлада македонскиот првак со 39-29 (15-12) уривајќи му ги сите надежи за продолжување на европската сезона.

На последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони, Пелистер го пречекува ПСЖ на домашен терен.

Кузмановски со седум гола беше прв стрелец кај битолчани каде Шебиб имаше 6 погодоци. На другата страна најефикасни беа Гидсел и Лихтлајн, двајцата имаа по 9 гола.

Бундес-лигашот отвори со 7-1 после 11 минути игра. Плус шест, домаќинот имаше и во 20-та и 21. минута  (12-6 и 13-7). Оваа негатива не ги демотивираше ракометарите на Пелистер, не се откажаа во ниту еден момент, се бореа за секоја топка, а предводени од Филип Кузмановски, на одморот намалија 15-12.

По само осум минути игра во вториот дел, Пелистер дојде на негатива од два гола 18-16, Ивиќ имаше две важни одбрани. Две грешки за македонскиот првак беа доволна причина за да Фуксе Берлин во 43-та дојде на плус 6 (24-18), во меѓувреме Раул Алонсо повика тајм-аут. Не помогна ниту играта „седум на шест“, напротив беше причина за да Фуксе Берлин набрзина зголеми на 31-23 на стартот на 50-та минута.

Ниту новиот тајм-аут на Алонсо не се промени ништо, иако им потенцираше на своите ракометари се подобри од резултатот, кој беше десет гола во корист на противникот 37-27 во 55. минута за крај на сите надежи.

На едно коло до крајот е јасно дека Пелистер, Фредериција и ППД Загреб нема да се најдат во плеј-офот.

На останатите средби Веспрем го победи ПСЖ на гостински терен со 33-37, Пик Сегед и Барселона одиграа реми (29-29), додека пак Колстад дома го совлада Магдебург со 31-27.

ПретходноЛуда работа: Го одбил Реал само затоа што стравувал да жонглира на промоцијата!
СледноРуди Гарсија потврди: Се видов со Куртоа, се враќа во репрезентацијата