Здењек Земан доживеал мозочен удар!

85

Легендарниот тренер на Рома, Лацио, Ц. Звезда, но и на некои други клубови во Европа и Италија, Здењек Земан (77) претрпел мозочен удар. Како што денеска пренесуваат медиумите во Италија, тој утринава бил примен во болница и тоа по итно. Засега нема некои посебни информации за неговата здравствена состојба.

Инаку Земан во времето кога беше во Лугано му беше тренер и на нашиот репрезентативец Џани Алиоски.

Познато е дека легендарниот стратег во последните години постојано имаше проблеми со здравјето.

ПретходноВака не се станува шампион: Гостивар дури 454 минути нема постигнато гол од игра!
Следно„Кој си ти да кажуваш како треба да се освои Премиерлигата, кога никогаш не си ја освоил“!