Лаутаро ги пцуел судиите против Јувентус, можна е суспензија (ВИДЕО)

104

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез се соочува со можна казна, односно суспензија, поради наводните навреди кои што аргентинецот ги упатил кон арбитрите по поразот од Јувентус од 0:1 во рамките од Серија А. Мечот кој беше одигран на 16 фебруари Интер го загуби, а Лаутаро наводно, а тоа снимките ќе го докажат или демантираат, по последниот свиреж упатил навредливи збори кон судиите, за што можно е да следува казна.

Доколку се најдат такви докази, Лаутаро се соочува со суспензија од еден натпревар. Сепак, тоа тешко дека ќе се случи пред дербито против Наполи викендов, па Аргентинецот не е во опасност да ја пропушти решавачката пресметка за титулата „Диего Марадона“.

Самиот Мартинез во моментот категорично негираше дека користел навредливи забелешки и дури изјави дека овие шпекулации „го повредиле“.

ПретходноАморим: Денеска не сум лут!
СледноАтлетик: Менаџер од Премиер лигата е под обвинение за секс со малолетнички