Луда работа: Го одбил Реал само затоа што стравувал да жонглира на промоцијата!

581

На сите кои се во светот на фудбалот, без разлика дали се негови фанови или не, јасно им е дека Реал Мадрид е најголемиот, најгламурозниот, најспектакуларниот фудбалски клуб на планетава. Ретки се тие кои го носат дресот на “кралевите“ и играат на величенствениот „Сантијаго Бернабеу“.

Се вели дека само Реал не се одбива, кога ќе те повика ти со трчање одиш и потпишуваш не прашуваш за платата.

Сепак, има и такви како Гаетано Д`Агостино, во свое време пред 15 години еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, член на Удинезе и Рома, Фиорентина и други, и член на селекцијата на Италија кој порадио бизарна причина ги одбил “кралевите“:

Искрено имав 99,99 насто шанси да одам таму. Речиси се беше готово да потпишам за Реал Мадрид, но…најголема грижа ми беше како тоа ќе жонглирам на промоцијата на „Сантијаго Бернабеу“ пред 30.000 гледачи. Што ако ми паднеше топката, тогаш сите ќе ми се смееја, па затоа и не заминав во Мадрид, едноставно немав храброст“ изјави вториот Италијанец кој го одбил Реал Мадрид, се разбира по Франческо Тоти.

ПретходноЏунтоли: Мота не е тема на дискусија во Јувентус!
СледноЗаврши надежта за нокаут-фазата во ЛШ: Пелистер убедливо поразен во Берлин!