Нено со 4 поени во победата на Милано, Шортс повторно блексаше во дресот на Париз

45

Четири постигнати поени за нешто повеќе од 11 минути на паркетот во Милано за нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во вечерашната победа на неговиот Милано против Монако од 86:80 во мечот од 27. коло на Евролигата.

Милано одигра одличен меч и успеа да ја запише 15-тата победа со која останува на позициите кои водат во разигрувањето. Димитријевиќ доби ограничена минутажа, а покрај четирите поени запиша и исто толку асистенции и два скока.

Ти Џеј Шортс, пак, беше лидер во составот на Париз, кој вечерва на домашен терен славеше над Баерн (М) со 93:88.

Нашиот шутер мечот го заврши како најдобар поентер во победничкиот состав со 25 поени. Париз со оваа победа се најде на делба од 3. до 5. место на табелата.

ПретходноРуди Гарсија потврди: Се видов со Куртоа, се враќа во репрезентацијата
СледноМилан никако да се опорави: „Росонерите“ загубија и на гостувањето кај Болоња