Почина некогашниот шампион на Европа со Реал Мадрид

711

По долго и тешко боледување од леукемија, почина некогашниот член на Реал Мадрид, и освојувач на европската титула со „Кралевите“, Хавиер Дорадо.

Дорадо е роден 1977 година, а со оваа тешка болест се бореше од 2022 година.
Тој во кариерата освен за Реал Мадрид, каде што дебитираше под палката на Висенте Дел Боске, играше и за екипите на Саламанка, Спортинг, Рајо Ваљекано.

„Веќе некое време се борам и се надевам дека оваа ноќна мора ќе заврши. Со годни се борам, а овие тешки третмани оставаат траг врз моето тело“ – изјави Дорадо во последното дадено интервју.

 

ПретходноАтлетик: Менаџер од Премиер лигата е под обвинение за секс со малолетнички
СледноДани Себаљос паузира два месеци