Њукасл се сели од Англија?!

350

Њукасл најверојатно ќе се сели од Англија. Ова не значи дека овој клуб ја напушта Премиерлигата, туку тоа ќе го прави поради својот стадион “Сент Џејмс Парк“.

Имено газдите на клубот од северот на Англија разгледуваат две опции во врска со стадионот. Првата е да се реновира и наместо 52.000 капацитет да има 60.000 седишта, а втората е изградба на сосема нов стадион со капацитет од 70.000 места.

Секако дека Њукасл, додека би се реновирал постоечкиот стадион или би се градел нов, ќе мора да си бара алтернативен домашен терен. Најизгледана опција да се пресели во Шкотска и тоа во Единбург кој од Њукалс е одалечен само 200 км.

ПретходноМурињо доби суспензија од четири натпревари поради расистички изјави
Следно„Билд“: Ливерпул има контакт со Џошуа Кимих