За да може редовно да игра, првата ѕвезда на Филаделфија и еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Џоел Ембиид ќе мора редовно да прима инјекции.
Сиксерси продолжуваат да ја проценуваат неговата ситуација со повредата, па деновиве имало нови консултации со лекари и специјалисти во врска со болно левото колено на Џоел Ембиид. Тој го пропушти натпреварот против Никс и прашање е кога повторно ќе се врати на терен.
Неговиот статус во остатокот од сезоната и секако во следните неколку натпревари е доведен во прашање. Се дискутираат сите можни опции.
„Сиксерси треба да ја донесат најдобрата, најпаметната одлука бидејќи онака како што стојат работите сега, Џоел Ембиид едноставно не може да продолжи вака“, пишуваат неколку инсајдери од НБА.