И ФК Вардар се огласи: Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Силекс

1637

ФК Вардар се пласираше во полуфиналето во Купот на Македонија, откако го совлада Силекс со 1-0. Избраниците на Гоце Седлоски доминираа на теренот, имаа бројни шанси за да дојдат до убедлив триумф, за разлика од противникот кој беше инфериорен на теренот.

После мечот, Силекс излезе со смешни обвинувања, место да ги гледа своите грешки, изнесе бројни смешни забелешки. Ова беше повод после ФФМ, во јавноста да се огласи и ФК Вардар, во продолжение ви го пренесуваме соопштението.

„Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и кладилничарската мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.

Злоупотребата на истоимената телевизија од истоимениот клуб на феудалната фамилија е работа на немоќ и безидејност. И се коси со било кои новинарски стандарди, норми и морал.

За жал по Силекс, дојдено е времето на “новото нормално” на кое ќе треба да се привикнат, односно време каде нема нарачки на подобни судии кои треба да го обезбедат резултатот што спортски неможат и не заслужуваат да го постигнат.
Како што беше случај есеноска кога на Арената ни дадоа гол од офсајд во 95-та минута кој беше поништен, а потоа по долги “консултации” беше признат. Вардар тогаш не плачеше, се сврте кон себе и кон решавање на своите проблеми. Плачење то им го остави на размрсулавените плачковци.

Фактите кажуваат дека ФК Вардар вчера имаше посед на топка од 75%, 15 шута од кои 8 во рамките на голот и 6 стонастотни шанси. Нашите противници Силекс од Кратово, предводени од луѓе што го финансираат клубот од фиксирање натпревари, и кои своевремено го испаднаа Пелистер од првата лига, немаа ниту еден удар во рамките на нашиот гол.
Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Мали Ѕинго. Затоа со душа ја чекаме средбата што меѓу нас и нив ќе се одигра во третиот круг од прволигашкото натпреварување, каде на терен ќе се покаже кој е кој“, велат во ФК Вардар. 

ПретходноПавле Атанасијевиќ: Никој не може лесно да нè победи!
СледноСлот: Добро е што не застанавме по победата над Сити