Инцидент во Германија: Дете гризнало судија за тестиси, мечот бил одложен!

191

Ете и тоа го има во фудбалска Германија, се разбира во пониските лиги. Како што пренесуваат тамошните медиуми, бизарен инцидент бил повод натпреварот меѓу Такси Дуисбург и Рот-Вајс Милхајм да биде одложен.

Причината била што дете гризнало судијата за тестиси. Целиот инцидент се случил во центарот на Дуисбург пред самиот натпревар.

Едно дете се повеќе се доближуваше, и одеднаш се залета кон мене, јасно е дека ме изненади, и ме гризна во пределот на меѓуножјето“ изјави повредениот судија.

Поради целиот случај и повредата на судијата, овој натпревар бил одложен.

ПретходноЛудост: Саудијците му нудат на спортскиот директор на ПСЖ 200 милиони евра!
СледноЕмбиид не може да игра без инјекции?