Пелистер продолжува со мечевите во Лигата на шампиони. Во претпоследниот натпревар од групната фаза го чека гостување кај Фуксе Берлин, дуелот стартува во 20:45 часот. Патот на актуелниот македонски првак за пласман во следната рунда стана тежок, бидејќи Висла Плоцк успеа да дојде до целиот плен на гости кај Динамо Букурешт, па сега има 10 бода исто колку и Романците.
За да битолчани останат во игра за шестото место, треба прво да победат против Фуксе Берлин, а потоа во последното коло да одат на цел плен против ПСЖ. Иако сценариото изгледа застрашувачки, како и дуелот против бундес-лигашот, сепак ракометарите не се откажуваат, одат по победа.
Најубаво е да се игра пред македонски навивачи. Атмосферата која ја приредија „Чкембарите“ и битолчани едноставно те понесува. Убаво е тоа чувство“, изјави Павле Атанасијевиќ.