Руди Гарсија потврди: Се видов со Куртоа, се враќа во репрезентацијата

110

Тибо Куртоа се враќа во репрезентацијата на Белгија. Новиот селектор на „ѓаволите“ Руди Гарсија потврди дека ќе го повика голманот на Реал Мадрид за следните натпревари од квалификациите за СП 2026, каде Белгија за противник ја има и македонската фудбалска репрезентација.

„Тој ќе се врати. Ова е одлична вест за цела Белгија. Отсекогаш сум го сметал Тибо за најдобар голман во светот. Отидов во Мадрид да се сретнам со него пред натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити. Ја искористив можноста да се сретнам и со Де Брујне и Џереми Доку ден пред натпреварот“, изјави Гарсија.

Куртоа нема играно за Белгија од летото 2023 година поради несогласувања со претходниот селектор, Доменико Тедеско.

ПретходноЗаврши надежта за нокаут-фазата во ЛШ: Пелистер убедливо поразен во Берлин!
СледноНено со 4 поени во победата на Милано, Шортс повторно блексаше во дресот на Париз