Искусниот Ф1 пилот, Фернандо Алонсо, вели дека Астон Мартин и оваа година нема да има никакви шанси со конкурентите во трката за титулата во шампионатот. Возачот на Астон Мартин рече дека не гледа проблем во тоа што тимот не поминал многу големо растојание во споредба со своите конкуренти за време на тестовите, но за битка за титула годинава не се подготвеник.
„Внатрешните компоненти на болидот остануваат главно непроменети од сезоната 2024 година. Промените главно влијаеја на аеродинамиката. Така, не моравме да го поминеме истото растојание за време на тестирањето како минатиот пат, но во подготовките за сезоната 2026, факторот на доверливост на опремата ќе биде многу поважен. Борба за титулата? Мислам дека немаме шанси. Знаеме дека конкуренцијата ќе биде многу голема и дека ќе треба да имаме совршени тркачки викенди за да освоиме какви било поени. Тоа и не е изненадувачки. Ќе се обидеме да напредуваме во текот на сезоната“, рече Алонсо.