Баварската машина со победа во Штутгарт се зацврсти на врвот

71

Убедлива победа од 1:3 на отворањето на 24. коло во Бундеслигата за лидерот на табелата Баерн (М). Баварците на гостувањето кај Штутгарт успеаја да дојдат до нови три бода и да ја засилат својата позиција во трка за титулата.

Воочекување на натпреварите од осминафиналето на ЛШ, Баерн вечерва одигра одличен меч и сосема заслужено изброи нови три бода. Домашнте одлично се држеа, успеаја и први да поведат во 34. минута со голот на Штилер, но по израмнувањето на Олисе во 44. минута, и стартот на вториот дел, се беше во знакот на гостите.

Пресвртот и победата ги најави Горецка со голот во 64. минута, додека Коман со гол во 90. минута ги постиви и конечните 1:3.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМиовски стана татко, пристигна Матео (ФОТО)!
СледноКонте: Треба да уживаме во битката за титулата, а не да подлегнуваме на притисокот