Барселона за двојно помала сума го продаде Роке

162

Барселона го објави договорот со Палмеирас за продажба на младиот Витор Роке, кој никако не успеа да се снајде во дресот на Каталонците. Според информацијата, 20-годишниот напаѓач потпиша договор со новиот тим до крајот на 2029 година.

Според Фабрицио Романо, Каталонците ќе добијат 25,5 милиони евра, а уште 5 милиони се обезбедени во форма на бонуси. Роке и се приклучи на Барселона на почетокот на 2024 година. За него беше објавено дека се платени 30+31 милион евра.

ПретходноЛука Петровиќ е ново име во МКК Куманово
СледноАлонсо: Астон Мартин нема шанси да се бори за титула!