Како што информираат од раководството на РФМ, од понеделник (03.03.2025) ќе бидат пуштени во продажба билетите за квалификацискиот натпревар за ЕП 2026 меѓу Македонија и Словенија. Тие ќе чинат по 200 и 300 денари. Се игра на 12 март со почеток од 20 часот во салата “Борис Трајковски“ во Скопје со директен пренос на МРТ.
Инаку ова ќе биде шанса љубителите на ракометот уште еднаш, како и многу пати досега им ја дадат сета поддршка на избраниците на селекторот Кирил Лазаров. Секако и да им честитаат за успешниот настап и блескавите игри на последното СП во Вараждин.