Се чини дека екс-југословенската колонија во Фенербахче на лето ќе се зголеми. Покрај Џеко, Тадиќ, Костиќ и Ливаковиќ, се чини дека гигантот од Истанбул на лето ќе го добие и Матео Ковачиќ. Хрватот има намера по завршување на сезонава да си оди од Манчестер Сити, а и Пеп Гвардиола не смета на него, па така Жозе Мурињо ќе добие екстра играч во средниот ред. Ковачиќ важи за играч кој ја освојувал Лигата на Шампионите, а пред да дојде на Итихад“, го носеше дресот и на Динамо Загреб, Интер, Реал Мадрид, Челзи.
Се разбира дека со Ковачиќ тимот на Фенербахче, тимот на “Специјалниот“ и тоа како ќе биде засилен.
Овој најавен трансфер по малку е изненадувачки, ако се знае дека неколку големи клубови од Англија и Шпанија пројавија интерес за хрватскиот репрезентативец.