“Трансфермаркт“: Струга ТЛ и натаму го има најскапиот тим во Македонија, Ервин од Гостивар со најголема вредност кај играчите!

920

Откако се одиграа две пролетни кола и завршија сите можни рокови за регистрирање на нови играчи, странци или домашни, по обичај да се осврнеме на вредноста според “Трансфермаркт“ на нашите клубови и играчи во моментов во ПМФЛ.

Веќе година и повеќе Шкендија го нема најскапиот или највредниот тим во ПМФЛ. Тоа е шампионот, тимот на Струга ТЛ кој оваа сезона не игра на своето ниво, но сепак играчите на овој тим вкупно се највредни со 5.110.000 евра. Втота е Шкендија со 5.080.000 евра, па следуваат Гостивар, Работнички, Вардар кој рапидно скокна за разлика од есенскиот дел. Тоа е поради одличниот зимски преоден рок, кој секако дека се пресликува врз игрите и резултатите.

Инаку вкупно ПМФЛ вреди 41.113.000 евра

ОВА Е ТАБЕЛАТА НА КЛУБОВИТЕ

1.СТРУГА ТЛ 5.110.000 ЕВРА

2.ШКЕНДИЈА 5.080.000

3.ГОСТИВАР 4.160.000

4.РАБОТНИЧКИ 4.025.000

5.ВАРДАР 4.010.000

6.СИЛЕКС 3.940.000

7.ШКУПИ 2.810.000

8.БЕСА 2.670.000

9.ПЕЛИСТЕР 2.550.000

10.ТИКВЕШ 2.370.000

11.ВОСКА 2.310.000

12.БРЕРА 1.890.000

Кога сме кај играчите поединечно, од тие 287 играчи кои се регистрирани во нашите 12 клубови во ПМФЛ, Ли Ервин (Шкотска), напаѓач на Гостивар е најскап со 700.000 евра. Значи нема ниту еден што вреди милион евра или повеќе.

May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

ОВА Е ТАБЕЛА НА 15 НАЈСКАПИ ИГРАЧИ

Ли Ервин (Гостивар) 700.000 евра

Клисман Цаке (Шкендија) 600.000

Аденис Шаља (Шкендија) 500.000

Р. Рамадани (Шкендија) 400.000

Рашид Садик (Работнички) 400.000

Валон Ахмеди (Работнички) 400.000

Хоган Укпа (Струга ТЛ) 400.000

Ланре Кегхинде (Струга ТЛ) 400.000

Марјан Радески (Струга ТЛ) 400.000

Марко Ѓорѓиевски (Силекс) 400.000

Мартин Георгиевски (Брера) 400.000

Ѓорѓије Јанкулов (Вардар) 350.000

Мато Роџерс (Вардар) 350.000

Емануел Мбенде (Гостивар) 350.000

Бојан Илиевски (Струга ТЛ) 350.000

ПретходноДали е можно? Реакцијата на таткото на Дончиќ по една погодена тројка на Лука! (ВИДЕО)
СледноНавивајте за Македонија за 200 и 300 денари! (ФОТО)