Вардар мора да плати 2.500 евра за употреба на пиротехника од страна на неодговорни навивачи! (ФОТО)

384

Како што информираат од страна на раководството на Вардар, пристигнало за наплата сума од 2.500 евра како санкција за употреба на пиротехника на мечот со Шкпи од 14.коло.

Реакцијата на Вардар ја пренесуваме во целост:

На сметка на АД ФК Вардар пристигнаа за наплата 153.750денари, како казна од страна на ФФМ за дивеење со пиротехника на неодговорни навивачи на натпреварот Вардар – Шкупи (14-то коло). На овој начин, таквото “навивање” директно ги оштетува фудбалерите на нашиот клуб. Како илустрација, за користење на целиот стадион за еден натпревар, плаќаме кон „АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор“ 145.258 денари. Тоа значи, дека пиротехниката прави еден натпревар двојно да биде поскап. На тој начин Вардар не се сака, туку се оштетува.

ФК Вардар

ПретходноНавивајте за Македонија за 200 и 300 денари! (ФОТО)
Следно“Специјалниот“ на лето добива уште една голема ѕвезда во Фенербахче?!