Игор Котевски на клупата на Радовиш

105

Некогашниот македонски репрезентативец и искусен стратег, Игор Котевски, е нов тренер на суперлигашот Радовиш. Како што објави клубот на социјалните мрежи, Котевски седнува на клупата на Радовиш во обид да му помогне на тимот да избори опстанок во елитата.

Котевски во Радовиш доаѓа по серијата ангажмани во неколку македонски тимови како Вардар Неготино, Јуниор КВ, Металург РА, Голден Арт, Металург, Бутел, Драчево, Македонија и младинскиот тим на Пролет.

ПретходноЛазаров го направи изборот за двомечот со Словенија
СледноУЕФА го суспендираше судијата „наркоман“