Актуелниот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим Лум предмалку го промовираше Илчо Ѓорѓиоски за нов тренер. По оставката на Ќатип Османи, тимот на Струга ТЛ се одлучи за уште едно искусно решение на тренерската позиција.
Ѓорѓиоски го презема тимот во специфична ситуација, кога Струга ТЛ тешко дека ќе ја одбрани титулата во домашниот шампионат, но од друга страна е полуфиналист во Купот на Македонија.
Османи си замина по поразот од 0:2 на домашен терен од Вардар во шампионатот, а потоа со помошникот Гега, тимот оствари пласман во купот по триумфот над Гостивар од 1:0.
Ѓорѓиоски има сериозно искуство со шампионите титули освоени со Македонија ЃП и Вардар.